Собраниско раководство



Петок, 27.02. 2009 година, Париз

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Париз учествува на конференцијата на претседатели на парламентите на Европската Унија
 

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска оствари средба со сенаторот Робер Бадентер. На средбата која помина во пријателска и отворена атмосфера уште еднаш се потврди дека Бадентер е голем пријател на нашата држава и добар познавач на состојбите кај нас и во регионот.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Македонија очекува наскоро Европската Комисија да донесе одлука за либерализација на визниот режим, во истовреме ние продолжуваме со реформите, така да очекуваме во идниот извештај на Европската Комисија за Македонија да добиеме и препорака за датум на отпочнување на преговорите. Сенаторот Бадентер подвлече дека тој ја гледа Македонија во ЕУ и дека тој лично ќе се завземе за укинувањето на визите. Во врска со спорот со името Бадентер истакна дека тоа е тежок спор бидејки во суштина е апсурден. Не ги разбирам грчките пријатели зошто околу ова прашање се однесуваат вака и не ја следат филозофијата на Аристотел. Посебно внимание беше посветено на прашања сврзани со регионалната соработка, а од страна на Претесдателот Трајко Вељаноски беше посочен проектот Коридор 8 како инфраструктурно поврзување помеѓу Албанија, Македонија и Бугарија.


Click