Собраниско раководство



Четврток, 23 април 2009 година

Средба на претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски со претходните претседатели на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски утре 24 април ќе оствари средба со претходните претседатели на Собранието на Република Македонија, господата Љубиша Георгиевски, Љупчо Јордановски, Никола Поповски, Саво Климовски, Тито Петковски и Стојан Андов. На средбата најголемо внимание ќе биде посветено на подготовките за донесување на Законот за Собрание на Република Македонија, а ќе се разгледаат и други актуелни прашања поврзани со работата на парламентот.

Средбата ќе се одржи во Охридската сала во Собранието на Република Македонија во 12,00 часот.

Click