Собраниско раководство



Сабота, 28.02.2009, Париз

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој учествува на коференцијата на претседателите на државите членки на ЕУ оствари повеќе билатерални средби со своите колеги


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на прием ка францускиот претседател Никола Саркози

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски учествуваше на приемот што за сите претседатели на Парламентите го приреди францускиот претседател Никола Саркози. На приемот претседателот Вељаноски имаше краток разговор со претседателот Саркози.



 

Трајко Вељаноски - Бернар Акојер

На средбата со претседателот на француското Национално Собрание, Бернар Акојер, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека Македонија секогаш се завзема за добрососедски односи со сите држави во регионот. Токму затоа и продолжуваме со преговорите со нашиот јужен сосед, подготвени сме и за компромис, но тоа несмее да задира во нашиот национален идентитет. Исто така продолжуваме со остварување на нашите реформи кои се наша обврска за членство во ЕУ. Претседателот на француското Национално Собрание Бернар Акојер, истакна дека Франција ја подржува Македонија во нејзините еврроатлански аспирации, и дека тој очекува наскоро ЕУ да ги укине визите за граѓаните на Република Македонија. Претседателот Трајко Вељаноски во оваа пригода го покани својот француску колега да ја посети Република Македонија.


Трајко Вељаноски - Милослав Влчек

На средбата со претседателот на Чешкиот Парламент, г-дин Милослав Влчек, разменија мислење за повеќе теми. Од јунските избори за европскиот парламент и идниот институционален развој на ЕУ, глобална криза па до претстојните избори кај нас. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски изрази уверувње дека Чешка како претседавач со ЕУ, а во истовреме и докажан пријател на Република Македонија ќе продолжи да не поддржува  во нашите евроатлански интеграции секако поаѓајќи од оствареното кај нас дома. Во тие рамки очекуваме дека за време  на вашето претседавање ќе биде донесена одлука за визната либерализација бидејќи Македонија ги исполни сите законски и технички услови, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Претседателот Милослав Влчек истакна дека Чешка и понатаму ќе ја поддржува Македонија во нејзиното интегрирање во ЕУ. Во тие рамки силно ќе работиме на визната либерализација за граѓаните на Македонија, рече претседателот на Чешкиот Парламент.

Трајко Вељаноски - Норберт Ламерт

На средбата со претседателот на германскиот Бундестаг која помина во отворерена и пријателска атмосфера претседателот на Собранието Трајко Вељаноски уште еднаш изрази благодарност за досегашната поддршка што Германија ја дава на Република Македонија на нејзиниот пат во евроатланските структури. Убеден сум дека ние ќе имаме фер и демократски избори, а имајки во предвид дека веќе  ги исполнивме сите законски и технички услови за визна либералзација очекувам наскоро македонските граѓани да патуваат слободно во Европа истакна Вељаноски. Претседателот на Бундестагот  Норбер Ламерт истакна дека Германија ќе даде целосна поддршка за визната либерализација. Верувувам дека исто така успешно ќе ги продолжите реформите, а со тоа Македонија да добие датум за отпочнување на преговорите, истакна претседателот  на Бундестагот господин Ламерт.

Трајко Вељаноски - Пер Вестерберг 

Шведска во целост ја поддржува Македонија во нејзините евроатлански интеграции и уверена е дека македонските граѓани наскоро ќе патуваат без визи истакна претседателот на шведскиот парламет Пер Вестерберг. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Македонија интензивно продолжува со реформите и верува дека во изештајот за Македонија наесен, за време на претседателството на Шведска со ЕУ, Македонија ќе добие датум. На средбата стана збор и за билатералните односи кои се многу добри, а беше истакната и потребата за поинтензивана соработка помеѓу двата парламента.

Click