Четврток, 1 октомври 2009 година
Остварени средби со повеќе конгресмени
Во рамките на студиската посета, од 26 септември до 3 октомври 2009 год., на Американскиот конгрес, на парламентарната делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Петар Поп Арсов, Цветанка Иванова, Андреј Петров, Ермира Мехмети и Сафет Незири остварени се средби со конгресмените Дејвид Прајс, Ерл Померол, Лоис Капс, Раш Холт, Чарлс Бустани, Џеф Фортенбери и Џим Макдермор.
На средбите се разменети мислења и ставови за политичката и економска ситуација во Република Македонија и пошироко во регионот, а станало збор и за учеството на Република Македонија со свои војници во Мисијата на НАТО во Авганистан, при што конгресменот Померол ја истакнал улогата што Македонија ја има во оваа мисија и дека ова наше учество САД особено многу го респектираат.
За време на посетата се реализирани и средби со потпретседателот на НДИ, Шери Брајан и потпретседателот на ИРИ за стратегиско планирање Џорџо Фариал.