Четврток, 11 јуни 2009
Петнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија како матично работно тело на Петнаесеттата седница, одржана на 9 јуни 2009 година, ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување (Второ читање) и Предлогот на закон за дополнување на Законот за парнична постапка (Второ читање).
Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Kомисијата разгледа и усвои четири амандмани со мнозинство гласови.
Комисијата заклучи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за извршување да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија
Целта за донесување на Предлогот на закон за дополнување на Законот за парнична постапка е ослободувањето на судовите од неспорните предмети што ќе придонесе за поефикасно функционирање на судовите.
Комисијата заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за дополнување на Законот за парнична постапка.