Четврток, 11 Јуни 2009
Деветнаесетта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македониja, како матично работно тело го разгледа Предлог законот за изменување на Законот за јавните претпријатија во Второ читање.
Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.
Комисијата, едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија да го донесе законот за изменување на Законот за јавните претпријатија.