Меѓународната парламентарна стипендија го јакне младиот обр...



Петок, 16 октомври 2009 година

Меѓународната парламентарна стипендија го јакне младиот образовен кадар

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, г. Јован Гинев и членовите, остварија средба со г.Хелмут Ламп, пратеник од германскиот Бундестаг. Во германската делегација беа и г. Герхард Ракениус, декан за студиски прашања при Факултетот IV на Техничкиот универзитет во Берлин и заменик-раководител на рефератот ИО и г-ѓа Улрике Кноц, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџе...



Петок, 16 октомври 2009

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Триесет и осмата седница одржана на 13 октомври 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход(прво читање

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Марјанчо Николов, 16.10.2009...



Петок, 16 октомври 2009 година

Средба на пратеникот г.Марјанчо Николов со г. Коста Димитров, пратеник од Чешкиот парламент и претседател на Групата за чешко-македонско пријателство

На 16 октомври 2009 година во Собранието на Република Македонија беше остварена средба пoмеѓу г. Марјанчо Николов, пратеник и претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и г. Коста Димитров, пратеник од Чешкиот парламент и претседател на Групата за чешко-македонско пријателство, по негово барање. 

Прочитај повеќе

Амбасадорот Ерван Фуере го презентираше Годишниот извештај...



Четврток, 15 октомври 2009 година

Амбасадорот Ерван Фуере го презентираше Годишниот извештај

Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г. Ерван Фуере присуствуваше на триесет и првата седница на Комисијата за европски прашања на која го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година.

Прочитај повеќе

Атина 2, 9.10.2009...



Петок, 9 октомври 2009 година, Атина

Учество на наша делегација на парламентарната конференција за „Енергетската безбедност и животната средина"

Делегација на Собранието на Република Македонија учествува на есенските состаноци на ПС на ОБСЕ што се одржуваат од 9 до 11 октомври 2009 година во Атина, Грција. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: г. Андреј Петров (СДСМ), шеф на делегацијата, г. Владимир Ѓорчев (ВМРО-ДПМНЕ) и г. Хисен Џемаили (ДУИ), членови.

Прочитај повеќе

Средба на Оли Рен со НСЕ, 23.7.2009...



Четврток, 23 јули 2009 година

Средба на комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен со членовите на Националниот совет за евроинтеграции

Комесарот за проширување на Европската комисија, г. Оли Рен на средбата со членовите на Националниот совет за евроинтеграции, каде што присуствуваа и членови на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска унија беше запознат со работата на Националниот совет за евроинтеграции.

Прочитај повеќе

Позитивен Извештај за Република Македонија...



Среда, 14 октомври 2009 година

Позитивен Извештај за Република Македонија

Европската комисија објави позитивен Извештај за напредокот на Република Македонија во 2009 година, што значи дека по четиригодишен кандидатски статус Република Македонија ќе ги започне преговорите за членство во Европската унија.

„Препорачано е отворање на преговори за членство на Македонија во Европската унија. Државата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните приоритетите“, изјави еврокомесарот за проширување г.Оли Рен на денешната прес-конференција во Брисел.

Г. Рен изрази верување дека македонската влада ова ќе го сфати како силен поттик за конечно решавање на спорот со името со јужниот сосед Грција.

Утре во 9 часот и 30 минути специјалниот претставник на Европската унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г. Ерван Фуере, ќе го предаде Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија - 2009 година на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Прочитај повеќе

Пленарна сесија на Конгресот на локалните и регионални влас...



Вторник, 13 октомври 2009 година, Стразбур

Пленарна сесија на Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа

Од 13 до 15 октомври Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа ќе ја одржи 17. пленарна сесија во Стразбур, како дел од подготовките во пресрет на декемвриската конференција на ООН во Копенхаген посветена на климатските промени.

Прочитај повеќе

Потпретседателката на Собрание на Република Македонија, г-ѓ...



Четврток, 8 октомври 2009 година

Потпретседателката на Собрание на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска ја прими делегацијата на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска имаше средба со делегацијата на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија.

Прочитај повеќе

Атина 2, 13.10.2009...



Вторник, 13 октомври 2009 година

Медитеранскиот дијалог е ретка можност да им се помогне на земјите во регионот за градење на заедничко разбирање

Во Атина, на 10 октомври 2009 година, во рамките на есенското заседание на ПС на ОБСЕ, се одржа Медитерански форум на ОБСЕ со особен акцент на перспективите и предизвиците.

Прочитај повеќе
1...121314...38                                       
Click