Европската комисија со нови мерки за спас од кризата...



Четврток, 23 јули 2009 година

Европската комисија со нови мерки за спас од кризата

Европската комисиja усвои нови мерки, насочени кон поедноставување на правилата за управување со Кохезиската политика. Во услови на економска криза, целта е да се даде импулс на европската економија преку подобрување на условите за започнување повеќе проекти во одделни региони. Како дел од мерките за борба против кризата, Комисијата може да надомести 100% од трошоците, пријавени од земјите-членки за проекти финансирани од Европскиот социјален фонд (ЕСФ) во 2009 и 2010 година.

Прочитај повеќе

Исланд официјално аплицираше за членство во Европската униј...



Четврток, 23 јули 2009 година

Исланд официјално аплицираше за членство во Европската унија

Министерот за надворешни работи на Исланд, г-дин Осур Скарфединсон, на свечена церемонија во Стокхолм, официјално ја предаде апликацијата за членство на неговата земја во Европската унија. Апликацијата ја прими г-дин Карл Билт, шеф на дипломатија на Шведска, која председава со Унијата.

Прочитај повеќе

15 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Четврток, 23 јули 2009 година

Петнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија на петнаесеттата седница одржана на 22 јули 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за пасиштата (второ читање).

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Предлог-законот за бесплатна правна помош...



Среда, 15 јули 2009, Националниот совет за евроинтеграции

Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за бесплатна правна помош

Националниот совет за евроинтеграции на 14 јули 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за бесплатна правна помош.Образложение за причините за донесување на законот и објаснување на содржината на одредбите од законот даде министерот за правда Михајло Маневски.

Прочитај повеќе

Шведскиот министер за надворешни работи ја искоментира визн...



Среда, 22 јули 2009 година

Шведскиот министер за надворешни работи ја искоментира визната либерализација, кипарското прашање, апликацијата на Исланд во ЕУ и состојбите во Хондурас и Иран

На вчерашниот состанок на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, министерот за надворешни работи на Шведска, г-дин Карл Билт, како претставник на земјата која претседава со Европската унија, уште еднаш истакна дека граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора ќе можат да патуват слободно во шенгенската зона од 1 јануари 2010 година. Тој го искоментира решението Босна и Херцеговина да не биде дел од пакетот за пристап кон шенген-зоната.

Прочитај повеќе

Законот за финансирање на политички партии 21.07.09...



Вторник, 21 јули 2009, Kомисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии

На Дваесеттата седница, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии (второ читање).

Прочитај повеќе

Комплетиран изборот на претседатели и потпретседатели на Ко...



Вторник, 21 јули 2009 година

Комплетиран изборот на претседатели и потпретседатели на Комисиите на Европарламентот

Откако во четвртокот Европскиот парламент на Конститутивната седница во Стразбур избра претседатели и потпретседатели на дванаесет комисии, на вчерашната седница го докомплетира изборот на преостанатите комисии, како и на две поткомисии, за идниот 2,5 годишен мандат.

Прочитај повеќе

ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА ЗА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО НА РАПУБЛИКА МА...



Петок, 17 јули 2009 година

ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА ЗА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО НА РеПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите на Собранието на Република Македонија, финансиран од страна на Британската амбасада во Република Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија, Институтот за демократија "Societas Civilis" Скопје спроведе анкета за работата на Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Европарламентот го осуди насилството во Иран, Кина и Хондур...



Петок, 17 јули 2009 година

Европарламентот го осуди насилството во Иран, Кина и Хондурас

Покрај изборот на претседател и потпретседатели на Европскиот парламент, како и на Комисиите од истиот, на Конститутивната седница во Стразбур, европратениците заедно со претставници на Европската комисија и Советот, расправаа и за надворешни теми, како насилството по одржаните избори во Иран, етничките проблеми во Кина и државниот удар во Хондурас.

Прочитај повеќе

Шведска ја презентираше шестмесечната програма за претседав...



Четврток, 16 јули 2009 година

Шведска ја презентираше шестмесечната програма за претседавањето со ЕУ

На вчерашната конститутивна седница на Европскиот парламент во Стразбур, Шведска ја презентираше шестмесечната програма за претседавањето со Европската унија, Чешка го образложи досега сработеното на истата позиција, а беа избрани и пет нови квестори на Европарламентот.

Прочитај повеќе
1...222324...38                                       
Click