Летна седница на Парламентарното собрание на Советот на Евр...



Понеделник, 22 јуни 2009 година, Стразбур

Летна седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Состојбата на човековите права во Европа, со акцент на потребата да се искорени неказнивоста, е само една од темите кои ќе се најдат на дневниот ред на летната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 22 до 26 јуни во Стразбур.

Прочитај повеќе

Поддржана кандидатурата на Жозе Мануел Баросо...



Петок, 19 јуни 2009 година, Брисел

Поддржана кандидатурата на Жозе Мануел Баросо

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија се согласија да ја поддржат кандидатурата на актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за нов петгодишен мандат. Реизборот на г-дин Баросо треба да го потврди Европскиот парламент, кој на 9 јули ќе одлучи дали ова перашање ќе биде на дневниот ред на седницата пред летната пауза.

Прочитај повеќе

ЕУ и Ирска се договорија за гаранциите за лисабонскиот дого...



Петок, 19 јуни 2009 година, Брисел

ЕУ и Ирска се договорија за гаранциите за Лисабонскиот договор

На вториот ден од Самитот во Брисел, Ирска и Европската унија успеаја да се договорат за гаранциите, коишто имаат за цел да ги убедат Ирците да го поддржат Лисабонскиот договор. Договорот предвидува ирските граѓани да ги добијат своите гаранции во правно-обврзувачки протокол, којшто земјите-членки на ЕУ ќе го ратификуваат.

Прочитај повеќе

Дводневен самит на Европската унија...



Четврток, 18 јуни 2009 година, Брисел

Дводневен самит на Европската унија

Во Брисел започнува дводневен самит на лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, на кој како најважни теми ќе се најдат гаранциите за Ирска за Лисабонскиот договор и нов претседател на Европската комисија.

Прочитај повеќе

Потпишана Конвенција за право на пристап до службени докуме...



Четврток, 18 јуни 2009 година, Тромзо, Норвешка

Потпишана Конвенција за право на пристап до службени документи

Дванаесет земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои и Република Македонија, на 29-та Конференција на европските министри за правда во Тромзо, Норвешка, потпишаа Конвенција за право на пристап до службени документи. Ваквата Конвенција е прв меѓународен правен инструмент од ваков тип, што од една страна е значаен во остварувањето на основните човекови права, а од друга страна го јакне легитимитетот на јавните власти во очите на јавноста и нејзината доверба во нив.

Прочитај повеќе

Кој ќе биде новиот претседател на Европарламентот?...



Среда, 17 јуни 2009 година

Кој ќе биде новиот претседател на Европарламентот?

Првата задача за членовите на Европскиот парламент на 14 јули ќе биде да изберат нов претседател, кој ќе биде нивното лице во јавноста. Политичките партии сè уште не излегле со официјални имиња, но во нивните редови веќе кружат неколку потенцијални наследници на г-дин Ханс-Герт Петеринг.

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со претседателот на Парламентарното собрание...



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ Луис Мариа де Пуч

Парламентарното собрание на СЕ ја поддржува Македонија за нејзино зачленување во Европската унија
На денешната средба, која помина во отворена и пријателска атмосфера, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија токму преку Советот на Европа го започна процесот на интеграција во евроатлантските структури. Во исто време, токму со прифаќање и имплементирање на стандардите и принципите на Советот на Европа, а тоа се човековите права, демократијата, владеењето на правото и мирот, ние ги започнавме нашите реформи кои ги правиме пред сè за нашите граѓани, бидејќи само така може да се обезбеди политичка и економска стабилност, но и развој.

Прочитај повеќе

Иднината на Република Македонија е во Европската унија...



Вторник, 16 јуни 2009 година

Иднината на Република Македонија е во Европската унија

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г- ѓа Силвана Бонева, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.На средбата претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч, беше запознат со активностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така, гостинот беше запознат со успешното спроведување на реформите во Република Македонија за добивање на датум за преговори за членство во Европската унија и за добивање визна либерализација.

Прочитај повеќе

Средба на г. Оливер Шамбовски со г. Луис Мариа де Пуч...



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на г. Оливер Шамбeвски со г. Луис Мариа де Пуч

Шефот на делегацијата на Собраниете на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Оливер Шамбевски, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.

Прочитај повеќе

За што сe ќе расправа новиот Европски парламент?...



Вторник, 16 јуни 2009 година

За што сè ќе расправа новиот Европски парламент?

Европскиот парламент во новиот, седми мандат, кој ќе трае од 2009 до 2014 година, во законодавниот дневен ред на новите 736 членови вклучува низа важни прашања, меѓу кои и проширувањето на Европската унија, кон што тежнее Република Македонија.

Прочитај повеќе
1...282930...38                                       
Click