29 седница на Законодавно-правната комисија...



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Дваесет и деветта седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Дваесет и деветтата седница во прво читање ги разгледа Предлогот на закон за Воена академија и Предлогот на закон за внатрешни работи.

Прочитај повеќе

Разгледан Предлогот на законот за изменување на Законот за ...



Понеделник, 1 јуни 2009, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија

Комисијата за економски прашања на Осумнаесеттата седница како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија.

Прочитај повеќе

10 седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на сл...



Понеделник, 1 јуни 2009

Десетта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија на Десеттата седница како заинтересирано работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (Прво читање) и Предлогот на закон за внатрешни работи (Прво читање).

Прочитај повеќе

Комисија за европски прашања 27.05.09...



Среда, 27 мај 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата

Комисијата за европски прашања го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата (Прво читање). На седницата беше потенцирано дека со донесувањето на законот, една ранлива категорија, како што се децата, ќе биде законски заштитена, за што се обезбедени и средства во републичкиот буџет.

Прочитај повеќе

Единаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност 2...



Среда, 27 мај 2009 година

Единаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Единаесеттата седница како матично работно тело во прво читање ги разгледа Предлогот на законот за Воена академија и Предлогот на законот за внатрешни работи.

Прочитај повеќе

Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и ек...



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Шеснаесеттата седница како матично работно тело ги претресе Предлог законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата (прво читање) и Предлог законот за изменување на Законот за животна средина (прво читање).

Прочитај повеќе

Комисија за финансирање и буџет 21 седница...



Петок, 22 мај 2009 година, Комисија за финансирање и буџет

Разгледан Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка

Комисијата за финансирање и буџет на Дваесет и првата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка, по Договорот за заем по Проектот за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка.

Прочитај повеќе

19 седница на Комисијата за финансирање и буџет 19.05.09...



Вторник, 19 мај 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Деветнаесеттата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковни резерви (прво читање).

Прочитај повеќе

Деветнаесетта седница на Комисијата за европски прашања 18....



Понеделник, 18 мај 2009 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Деветнаесеттата седница го разгледа Предлог законот за меѓуопштинска соработка (Прво читање) и едногласно заклучи дека е прифатлив за понатамошно читање.

Прочитај повеќе

Средба на г-ѓа Теута Арифи и г. Петар Поп-Арсов со г. Пржем...



Среда, 20 мај 2009 година

Средба на г-ѓа Теута Арифи и г. Петар Поп-Арсов со г. Пржемисл Соботка

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Теута Арифи и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов со членовите денеска остварија средба со г. Пржемисл Соботка, претседател на Сенатот на Парламентот на Република Чешка, кој со делегација е во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Прочитај повеќе
1...313233...38                                       
Click