Единаесетта седница на Комисијата за здравство 11.05.09...



Понеделник, 11 мај 2009 година, Комисија за здравство

Единаесетта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Единаесеттата седница го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2009 година и констатира дека има потреба од негово донесување. Со измените и дополнувањата на приходната страна се предвидува ревидирање на планираните приходи од околу 7% во однос на планираните проекции, а на расходната страна ќе се врши ревидирање на планираните расходи во согласност со можноста за обезбедување ревидирани приходи по основ на намалување на категоријата на расходи за исплати на плати и надоместоци за вработените кај буџетските корисници и кај фондовите за околу 4%. 

Прочитај повеќе

Предлог Националната програма 11 maj 2009...



Понеделник, 11 мај 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледана Предлог Националната програма за усвојување на правото на Европската унија

Комисија за европски прашања ја разгледа Предлог Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, која претставува концептуален и сеопфатен документ со кој се обезбедуваат јасни насоки за организација, координација и следење на активностите во процесот на приближување на националното законодавство кон правото на Европската унија

Прочитај повеќе

Средба г. Оливер Шамбевски, 5.5.2009...



Вторник, 5 мај 2009 година

Средба на г. Оливер Шамбевски, шеф на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со г. Влоѓимеж Цимошевич, сенатор на Република Полска

Шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со членовите имаше средба со г. Влоѓимеж Цимошевич, сенатор на Република Полска, кој е кандидат на полската влада за позицијата генерален секретар на Советот на Европа.

Прочитај повеќе

Вести од ЕУ 10.03.2009...



Вторник,10.03.2009 година, вести од Европската унија

Седница на Европскиот парламент

Стразбур Светската економска криза и нејзиното влијание во Европската унија е главна тема на седницата на Европскиот парламент . Одборот за стопанство повика на внимателно усогласување на националните планови за справување со состојбите на европскиот пазар. Во спротивно би можело да дојде до пад на глобалната конкурентност на европското стопанство. Шанса за ефикасно надминување на кризата Европскиот парламент го гледа во брзи и прилагодливи финансирања на локални проекти. На оваа сесија ќе бидат разгледани извештаите за напредокот во приближување на Македонија, Хрватска и Турција кон Европската унија . Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски и Маринела Тушева, учествуваат на парламентарна сесија на Европскиот парламент. Извештајот за напредокот на Република Македонија е од големо значење за нашето евроинтегрирање, бидејќи претставува основа за изготвување на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, кој ќе биде изготвен есенва. Нашата делегација оствари средби со известителот, европратеникот Ерик Мејер, како и со други европратеници.

Прочитај повеќе

Мешовит комитет РМ и ЕУ...



Вторник, 31.03.2009 година, Брисел

Соопштение од Шестиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија

На Шестиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржа на 31 март 2009 година во Европскиот парламент во Брисел, учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија предводена од г. Александар Спасеновски копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет. Во нашата делегација се и пратениците г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, г. Сафет Незири и г-ѓа Владанка Авировиќ. На Шестиот состанок беа разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија. Посебно внимание беше посветено на процесот на либерализација на визниот режим за граѓаните на Република Македонија, за состојбата во екологијата, особено за периодот од усвојувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во 2008 година, за состојбите во образованието, особено за образовните програми поврзани со тие на Заедницата, како и за процесот на менаџирање со фондовите на ЕУ, со посебен осврт на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Прочитај повеќе

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија...



Вторник, 31 март 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на семинар на тема „Визно и гранично управување“ во Брисел

Во заедничка организација на Европскиот парламент, Директоратот за надворешна политика на Унијата и Регионалниот секретаријат за парламентарна соработка во Југоисточна Европа, на 31 март и 1 април 2009 година во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Семинар на тема "Визно и гранично управување". На семинарот се поканети да учествуваат пратеници од парламентите на земјите од Западен Балкан и евро-парламентарци.

Прочитај повеќе

Мешовит комитет РМ и ЕУ во Брисел...



Вторник, 31 март 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Шестиот состанок на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија во Брисел

Врз основа на член 114 од Спогодбата за стаблизиција и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, како и врз основа на Правило 6 од Деловникот за работа на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, Шестиот состанок на Комитетот ќе се одржи на 31 март 2009 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија.

Прочитај повеќе

48 Седница...



Среда, 18 февруари 2009 год. 11,00 часот, Сала 1

ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дневен ред:

1. Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан;

Прочитај повеќе

Седница на Европскиот парламент...



Вторник, 24.03.2009, Стразбург

Седница на Европскиот парламент

Европскиот парламент вчера ја започна пленарната седница која ќе трае до 26 март. Централна тема на ова заседание ќе биде економската криза и можните начини на решавање на сегашнава состојба. Како ефективно да се искористат структурните фондови, иднината на автомобилската индустрија во државите членки на ЕУ, можноста за зголемување на данокот на производите од тутунската индустрија се главните акценти на оваа расправа. Исто така, ќе се расправа и за цената на храната и прехранбените производи  во ЕУ.

Прочитај повеќе

Конференција на претседатели на секции на Парламентарното с...



Четврток, 12 февруари 2009 година, Будимпешта, Република Унгарија

Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) - Регион Европа

Прочитај повеќе
1...333435...38                                       
Click