Најави

Вторник, 14 април 2009 година



Јавна расправа на тема „Европските политики за заштита од дискриминација во Република Македонија“



Националниот совет за евроинтеграции заедно со сојузот „Македонија без дискриминација“ ќе организира Јавна расправа на тема „Европските политики за заштита од дискриминација во Република Македонија“, по предлогот на работниот текст на законот за заштита од дискриминација.


Националниот совет за евроинтеграции презеде обврска да организира јавни расправи за законите за кои смета дека е потребна широка дебата, со цел давање можност за искажување на ставовите и мислењата на засегнатите субјекти.
На јавната расправа се поканети членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции, министерот за труд и социјална политика и други претставници на Владата на Република Македонија, граѓанските организации кои се членки на сојузот „Македонија без дискриминација“ и Граѓанската платформа на Македонија, претседателите на релевантни собраниски комисии, координатори на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, претставници на Народниот правобранител, Врховниот суд на Македонија, Уставниот суд на Македонија, Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија, Адвокатската комора на Македонија, претставници на амбасадите на земјите-членки на Европската унија, ОБСЕ, ОДИХР и Националниот демократски институт, како и поединци и организации кои ги следат политиките во областа на заштитата од дискриминација.
Јавната расправа ќе се одржи на 14 април 2009 година, во 11,00 часот, во сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија.

Click