Најави

Петок, 25 декември 2009 година, 12,00 часот, Сала 3

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА

Предлог на дневен ред:

- Барање за давање автентично толкување на член 35 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање поднесено од пратеникот Катерина Димевска.

...

1. Предлог закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите;

2. Предлог закон за ратификација на договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија;

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за двојно државјанство;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот за правото на патент;

5. Предлог на закон за изменување на законот за личната карта (прво читање);

6. Предлог на закон за изменување на Законот за личната карта (прво читање);

7. Предлог - закон за правосудниот испит (прво читање);

8. Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија (прво читање);

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (второ читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (второ читање);

11. Предлог на закон за изменување на Законот за радиодифузната дејност (второ читање);

12. Предлог нa закон за изменување и дополнување на Законот за основање на  Универзитет за информатички технологии (второ читање).


Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на закон за јавно здравје (прво читање);

2. Предлог-закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, по скратена постапка;

3. Барање за давање на автентично толкување на членот 260 од Законот за социјалната заштита, поднесено од пратеникот Зоран Петрески.
Click