Соопштенија

Вторник, 8 декември 2009 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2009 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2009 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата во областа на воспитанието и образованието ќе им биде врачена на проф. д-р Елена Колева, класичен филолог и на проф. д-р Рамиз Абдули, историчар.

Наградата во областа на културата и уметноста ќе им биде врачена на д-р Коста Балабанов, историчар на уметност и Бранко Цветковски, писател.

Наградата во областа на здравството ќе му биде врачена на проф. д-р Лазар Лазаров, кардиолог.

Click