2010



Петок, 9 јули 2010 година

Построги правила за емисии од индустриските гасови

Европскиот парламент на 7 јули оваа година ја одобри новата Директива за емисии од индустриските гасови. Целта на директивата е да се подобри заштитата на здравјето и животната средина, воведување на појасни правила и полесна имплементација на регулативата.

Новата директивата ги дополнува и интегрира седумте дела од постојното ЕУ законодавство, директивите за големите постројки за согорување и Директивата за интегрирана превенција и контрола на загадувањето, со кои се опфатени околу 52.000 индустриски и земјоделски инсталации со висок потенцијал на загадување (рафинерии, фарми и сл.)

Со директивата се воведуваат построги ограничувања за загадувањето на воздухот. Земјите-членки на Унијата ќе имаат можност за одредена флексибилност, за продолжување на крајниот рок за електрични постројки или можност за изземање од правилата на други инсталации во посебни случаи. Во 2016 година ќе се воведуваат построги ограничувања за емисиите од нитроген оксид, сулфур диоксид и за прашина. Поновите електрични постројки се обврзани да го запазат рокот за исполнување на целите до 2012 година.

Членовите на Европскиот парламент се согласија земјите-членки да ги користат националните преодни планови за да им се овозможи на големите постројки до јули 2020 година да ги исполнат условите.

Click