Најави



Вторник, 20 април 2010 година, 12,30 часот, Сала 1
 
СТО И ПРВА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
(започната на 19.4.2010 год.) (прво продолжение)
 

 Дневен ред:

 
...

2. Предлог на избор на член на Судскиот совет на Република Македонија;

3. Предлог на одлука за именување на претседател на Комисијата за електронски комуникации;

4. Предлози за именување на членови на Советот на Македонската радиотелевизија;

5. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“;

6. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“;

7. Предлог на одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“;

8. Предлог на одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;

9. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Државата Кувајт за поттикнување и заемна заштита на инвестиции;

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, (прво читање); 

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за банките, (прво читање);

13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за меница (прво читање);

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва, (прво читање); 

15. Предлог на закон за изменување на Законот за инвестициски фондови, (прво читање);

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, (прво читање);

17. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, (прво читање);

18. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, (прво читање);

19. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, (прво читање);

20. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, (прво читање);


 21. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање);

22. Предлог закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (второ читање);

23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување (второ читање);

24. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите (второ читање);

25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција (второ читање);

26. Дополнет предлог на закон за основање на факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер во состав на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј'' - Скопје (второ читање);


27. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам (второ читање);


28. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (второ читање);


29. Дополнет предлог на закон за државната ревизија (второ читање);


30. Предлог на закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (второ читање);

31. Предлог на закон за изменување на Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците (второ читање), поднесен од пратениците Имер Селмани, Абедин Зумбери, Флора Кадриу, Сулејман Рушити, Бесим Догани и Даут Реџепи;

32. Годишен извештај за работата на Народниот првобранител за 2009 година;

33. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2009 година;

34. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2009 година;

35. Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2009 година;

36. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

37. Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

38. Извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2009 година;

39. Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2009 година;

40. Годишен извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2009 година;

41. Барање за давање автентично толкување на членот 21 став 4 од Законот за даноците од имот, поднесено од градоначалникот на општина Чашка.

 

Click