Најави



Понеделник, 19 април 2010 година, 11,00 часот, Сала 1
 
СТО И ПРВА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Предлог на дневен ред:

 
1. Интерпелација за работата на министерот за правда господин Михајло  Маневски;

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за денационализација (прво читање);

3. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање);

4. Предлог закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (второ читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за домување (второ читање);

6. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите (второ читање);

7. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам (второ читање);


8. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (второ читање);

9. Предлог на закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) (второ читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција (второ читање);

11. Дополнет предлог на закон за основање на факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер во состав на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј'' - Скопје (второ читање);

12. Предлог на закон за изменување на Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците (второ читање), поднесен од пратениците Имер Селмани, Абедин Зумбери, Флора Кадриу, Сулејман Рушити, Бесим Догани и Даут Реџепи;

13. Годишен извештај за работата на Народниот прaвобранител за 2009 година;

14. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2009 година;

15. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2009 година;

16. Годишен извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2009 година;

17. Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2009 година;

18. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

19. Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

20. Извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2009 година;

21. Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2009 година;

22. Барање за давање автентично толкување на членот 21 став 4 од Законот за даноците од имот, поднесено од градоначалникот на општина Чашка.


Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Државата Кувајт за поттикнување и заемна заштита на инвестиции;

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за банките, (прво читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за меница (прво читање);

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, (прво читање); 

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва, (прво читање); 

6. Предлог на закон за изменување на Законот за инвестициски фондови, (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, (прво читање);

8. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, (прво читање);

9. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, (прво читање);

10. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, (прво читање);

12. Дополнет предлог на закон за државната ревизија, (второ читање). 

Click