Најави



Понеделник, 26 јули 2010 година, 11,00 часот, Сала 1

 
СТО И ТРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
Предлог на дневен ред:

 
1. Предлог за именување на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија;

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад (прво читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (прво читање);

4. Дополнет предлог на закон за авторското право и сродните права (второ читање);

5. Предлогот на законот за Европско друштво (второ читање);

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиската дејност (второ читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност (второ читање);

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање);

9. Предлог на закон за основање Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија (второ читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование (второ читање);

11. Дополнет предлог на закон за процена (второ читање);

12. Дополнет предлог на закон за вештачење (второ читање);

13. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за парничната постапка (второ читање);

14. Годишен финансиски извештај на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

15. Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги на Република Македонија за 2009 година;

16. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии "Свети Апостол Павле" - Охрид.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на закон за меѓународна соработка во кривичната материја (прво читање);

2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување (прво читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (прво читање);

4. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КФВ и АД ЕЛЕМ (прво читање);

5. Предлог на закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето кумулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на Одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр. 64 - 3 и бр. 52 - 4 (прво читање).

Click