Најави



Среда, 15 септември 2010 година, 12,00 часот, Сала 1

СТО И ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(започната на 13.9.2010 год.) (второ продолжение) 

Дневен ред:

 
...

    
18. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање);

19. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 (второ читање);


20. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за работните односи (второ читање);
                                      
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);

22. Предлог на закон за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (второ читање);

23. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2009 година;

24. Финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2009 година;

25. Годишен извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2009 година;

26. Барање за давање автентично толкување на член 12 став 3 од Законот за угостителска дејност, поднесено од претседателот на Советот на општина Прилеп;

27. Барање за давање автентично толкување на член 8 став 2 од Законот за трговија, поднесено од претседателот на Советот на општина Прилеп.

Click