Најави



Понеделник, 13 септември 2010 година, 11,00 часот, Сала 1
 
СТО И ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
Предлог на дневен ред:

 
1. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Кралството Мароко за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход;

2. Предлог на закон за ратификација на Протоколот меѓу Република Македонија и Чешката Република за измена на Договорот меѓу Република Македонија и  Чешката Република  за унапредување и реципрочна заштита на инвестиции;


3. Предлог на закон за заштита на конкуренцијата (прво читање);


4. Предлог на закон за државната помош (прво читање);


5. Предлог на закон  за безбедност на храната на животни (прво читање);

6. Предлог на закон  за прогласување на локалитетот Плоче - Литотелми за строг природен резерват (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платниот промет (прво читање);

8. Предлог на закон за изменување на Законот за домување (прво читање), поднесен од пратениците Флора Кадриу, Имер Селмани, Абедин Зумбери и Сулејман Рушити;


9. Дополнет предлог закон за меѓународна соработка во кривичната материја (второ читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување (второ читање);

11. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад (второ читање);

12. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (второ читање);

13. Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2009 година;

14. Финансиски извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2009 година;

15. Годишен извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2009 година.

 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за грaдење (второ читање);


2. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за работните односи (второ читање);                                           

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);

4. Предлог на закон за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (второ читање);


5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци (второ читање);

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (второ читање);

7. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита од бучава во  животната средина (второ читање);

8. Предлог на закон за прогласување на локалитетот Локви-Големо Коњари за споменик на природата (второ читање);

9. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 (второ читање);

10. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање);

11. Барање за давање автентично толкување на член 12 став 3 од Законот за угостителска дејност, поднесено од претседателот на Советот на општина Прилеп;

12. Барање за давање автентично толкување на член 8 став 2 од Законот за трговија, поднесено од претседателот на Советот на општина Прилеп.

Click