Најави



Четврток, 4 февруари 2010 година, 11,00 часот, Сала 1

ДЕВЕДЕСЕТ И ВТОРА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Република Македонија и Канада за социјално осигурување;

2. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Словачката Република за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на дохот и на капитал; 

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за социјално осигурување;

4. Предлог на закон за ратификација на Сингапурскиот договор за правото на трговска марка;    

5. Предлог на  закон за ратификација на Виенскиот договор за меѓународна класификација на фигуративните елементи на трговските марки ;

6. Предлог на  закон за ратификација на Конвенцијата за прекуграничните последици од индустриски несреќи;

7. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1 (прво читање);

8. Предлог на закон за служба во Армијата на Република Македонија (прво читање);

9. Предлог на закон за изменување на Законот за државните службеници (прво читање);

10. Предлог на закон за дополнување на Законот за сопственост и други стварни права (прво читање);


11. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (второ читање);

12.  Дополнет предлог на закон за јавно здравје (второ читање);

13. Дополнет предлог на просторен план на Охридското - Преспанскиот регион 2005 - 2020 година (второ читање);

14. Барање за давање автентично толкување на член 100 став 2 од Законот за заштита на децата, поднесено од пратеникот Васко Шутаров.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на декларација за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент од 15 јануари 2009 година;

2. Предлог на одлука за избор на претседател и заменик-претседател на Комисијата за верификација на фактите;

3. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;

4. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател и членови и нивни заменици на Советот на Собранискиот канал;

5. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави;

6. Предлог на закон за изменување на Законот за тутун и тутунски производи (прво читање).

Click