Најави



Понеделник, 15 февруари 2010 година, 11,00 часот, Сала 1

ДЕВЕДЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Предлог на дневен ред:

1. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан;


 2. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за долгорочно финансирање на Програмата за соработка за мониторинг и оценување на далекосежното пренесување загадувачки супстанции во воздухот во Европа (ЕМЕП);


 3. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или за нивно прекугранично пренесување;


 4. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година во врска со понатамошно намалување на емисиите на сулфур;

5. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на одбраната;

6. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Сојузен Совет за редовен воздушен сообраќај;

7. Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост (ТРИПС);

8. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување;

9. Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за намалување на емисиите на сулфур или на нивното прекугранично пренесување најмалку за 30 проценти;


 10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);


 11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух (прво читање);

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци (прво читање);

13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (прво читање);

14. Предлог на закон за изменување и дополнување  на Законот за  заштита од пушењето (прво читање), поднесен од пратениците Владо Бучковски, Ѓорѓи Оровчанец, Емилијан Станковиќ, Горан Сугаревски, Горан Минчев, Горан Мисовски, Томе Чинговски, Никола Ќуркчиев, Весна Бендевска, Бесим Догани, Флора Кадриу, Соња Мираковска, Станка Анастасова, Миле Андонов и Ристо Пенов;

15. Предлог на закон за издавање на вредносни бонови - ваучери (прво читање), поднесен од пратениците Весна Бендевска, Јани Макрадули, Радмила Шекеринска и Славица Грковска Лошкова;

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (прво читање), поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова;

17. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на децата (прво читање), поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова;

18. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравственото осигурување (прво читање), поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова;

19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето (прво читање), поднесен од пратениците Владимир Ѓорчев, Марија Андоновска, Петар Поп Арсов , Марија Рашковска, Наташа Јаневска, Миле Пачемски,Дарко Димитриевски , Стојче Крстевски и Јован Гинев;

20. Предлог на закон за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица (прво читање), поднесен од пратениците Радмила Шекеринска, Весна Бендевска и Станка Анастасова;

21. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи-прва фаза (второ читање).

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање);

2. Дополнет предлог на закон за ветеринарно медицински препарати (второ читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пасишта (второ читање);

4. Предлог на закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата (второ читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка.

Click