По завршување на 93 седница продолжува
ДЕВЕДЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(започната на 23.3.2010 год.) (второ продолжение)
Дневен ред:
...
16. Предлог на закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Оливера Трајанова и Весела Честова;
...
20. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2010 година;
21. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2010 година;
22. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2010 година;
23. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2010 година;
24. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на втор телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на албански јазик за 2010 година;
25. Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија за 2010 година;
26. Извештај за работата на Агенцијата за државни службеници за 2009 година;
27. Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2009 година;
28. Годишен извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2009 година.
29. Барање за давање автентично толкување на член 116 став 7 од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Васко Шутаров;
30. Барање за давање автентично толкување на член 17 и 17-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање, поднесено од градоначалникот на општина Долнени.