Најави

Среда, 29 септември 2010 година - 14,00 часот - Сала „Борис Трајковски“

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА „ПОЛИТИКИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ - НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата за областа на заштитата на животната средина, а во насока на донесување на квалитетни закони и соодветна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на заштитата на животната средина да земат активно учество во дебатата.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 28 септември (вторник) 2010 година, на e-mail: nsei@sobranie.mk
 

Јавната расправа е отворена за медиуми.
Click