Најави

Среда, 22 септември 2010 год., - 11,00 ч. - Сала „Борис Трајковски“
 
ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА - НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата за Предлог на законот за енергетика, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на енергетиката да земат активно учество во дебатата со цел подобрување на текстот на предлогот на законот.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 21 септември (вторник) 2010 година, на e-mail: nsei@sobranie.mk
 

Јавната расправа е отворена за медиуми.

Click