Најави

Петок, 3 септември 2010 год., - 10,00 ч. - Сала „Борис Трајковски“

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ И ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата за Предлог на законот за државната помош и Предлог на законот за заштита на конкуренцијата, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроитнеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на државната помош и заштитата на конкуренцијата да земат активно учество во дебатата со цел подобрување на текстовите на предлозите на законот.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроитнеграции, најдоцна до 2 септември (четврток) 2010 година, на e-mail: nsei@sobranie.mk
 
Јавната расправа е отворна за медиуми.

 
Click