Четврток , 27 мај 2010 година, 14,00 часот, Уставна сала
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за економска и индустриска соработка;
2. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори), 1949;
3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за полициска соработка во борбата против криминалот;
4. Предлог на закон за ратификација на Лисабонскиот договор за заштита на ознаките на потекло и нивната меѓународна регистрација;
5. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови за заемни патувања на граѓаните;
6. Предлог на закон за ратификација на Договорот за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово.