Најави

Петок, 27 август 2010 година, 14,00 часот, Сала на Уставна комисија
 
КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

 
Предлог на дневен ред:

 

1. Претставување на платформата за дипломатските активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Сојузна Република Германија, г-ѓа Корнелија Утевска Глигоровска;

2. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР по пресметките сврзани со стоковната размена меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ;

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка;

4. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за соработка во борба против криминалот.

 
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:


1. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Кралството Мароко за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход;

2. Предлог на закон за ратификација на Протоколот меѓу Република Македонија и Чешката Република за измена на Договорот меѓу Република Македонија и Чешката Република за унапредување на реципрочна заштита на инвестиции.



Click