Најави

Четврток, 15 април 2010 год. - 11.00 часот, - Сала „Борис Трајковски“
 
Надзорна расправа на тема: „Депонии и собирање на отпад, преглед на надлежностите на Владата на Република Македонија и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија „Русино“ 

Целта на надзорната расправа е надзор на имплементацијата на проблемот со депонијата и собирањето на отпад во полошкиот регион (Северозападна Македонија), посебно во оштините Тетово и Гостивар:

-       Кој е надлежен за настанатиот проблем и дали се соодветно санирани проблемите?

-       Што ги попречува иницијативите на министерството за да го реши проблемот со собирање на отпад и регулирање на депонијата „Русино“?

-       Дали се отстранети нелегалните депонии, која е стратегијата за нивно отстранување, и превенција на понатамошно ширење на нелегалните депонии?

Комисијата за транспорт, врски и екологија оценува дека расправата е од особено значење како од аспект на резултатите од имплементацијата на законите од таа област што се од поширока важност за граѓаните на Република Македонија, така и од аспект на отпочнување на практичната примена на одредбите на Законот за Собрание на Република Македонија („Службен весник“ бр. 104/2009), во делот на надзорната димензија на законодавната власт во нашата држава.

 
Јавната расправа е отворена за медиуми.

 

Click