Најави



Понеделник, 11 јануари 2010 година, 14,00 часот, Сала 4

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

Предлог на дневен ред:

 
1.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба (прво читање);

2.  Предлог на закон за дополнување на Законот за облигационите односи (прво читање);

3.  Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија (второ читање);

4.  Предлог на закон за изменување на Законот за личната карта (второ читање);

5.  Предлог - закон за правосудниот испит (второ читање);

6.  Барање за давање на автентично толкување на член 100 став 2 од Законот за заштита на децата, поднесено од пратеникот Васко Шутаров.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Унгарија за соработка и меѓусебна помош во случај на катастрофи;

2. Предлог-закон за ветеринарно медицински препарати (прво читање);

3. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи - прва фаза (прво читање);

4. Предлог на закон за дополнување на Законот за високото образование (прво читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност (прво читање).

Click