Најави



Петок, 12 февруари 2010 година, 11,00 часот, Сала на Уставна комисија 

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

Предлог на дневен ред:

1.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи - I читање;


2.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух - I читање;


3.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата - I читање;

4.  Предлог на закон за издавање на вредносни бонови - ваучери, поднесен од пратениците Весна Бендевска, Јани Макрадули, Радмила Шеќеринска- Јанковска и Славица Грковска- Лошкова- I читање;

5.  Предлог на закон за ратификација на спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на одбраната;

6.  Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Сојузен Совет за редовен воздушен сообраќај;

7.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуалната сопственост (ТРИПС);

8.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување;


9.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за долгорочно финансирање на Програмата за соработка за мониторинг и оценување на далекосежното пренесување загадувачки супстанции во воздухот во Европа (ЕМЕП);

10.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за намалување на емисиите на сулфур или на нивното прекугранично пренесување најмалку за 30 проценти;


11.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштање азотни оксиди или за нивно прекугранично пренесување;


12.  Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година во врска со понатамошно намалување на емисиите на сулфур;

13.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратениците Владо Бучковски, Ѓорѓи Оровчанец, Емилијан Станковиќ, Горан Сугарески, Горан Минчев, Горан Мисовски, Томе Чинговски, Никола Ќуркчиев, Весна Бендевска, Бесим Догани, Флора Кадриу, Соња Мираковска, Станка Анастасова, Миле Андонов и Ристо Пенов - I читање;

14.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратеникот Владимир Ѓорчев - I читање;

15. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравственото осигурување, поднесен од пратениците Радмила Шеќеринска-Јанковска, Весна Бендевска и Станка Анастасова - I читање;

16. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на децата, поднесен од пратениците Радмила Шеќеринска-Јанковска, Весна Бендевска и Станка Анастасова - I читање;

17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита, поднесен од пратениците Радмила Шеќеринска-Јанковска, Весна Бендевска и Станка Анастасова - I читање;

18. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци - I читање;

19. Предлог на закон за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, поднесен од пратениците Радмила Шеќеринска-Јанковска, Весна Бендевска и Станка Анастасова - I читање.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Барање на давање на автентично толкување на член 17 и 17-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање, поднесено од градоначалникот на општина Долнени;

2. Барање на давање на автентично толкување на член 116 и став (7) од Законот за работните односи, поднесено од пратеникот Васко Шутаров;

3. Предлог на закон за изменување на Законот за тутун и тутунски производи (второ читање);

4. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1 - II читање.

Click