Најави



Четврток, 26 август 2010 година, 10,00 часот, Сала 4
 
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

 
Предлог на дневен ред:


1.  Предлог на закон за кривичната постапка (прво читање);


2.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци (прво читање);


3.  Предлог на закон за меѓународна соработка во кривичната материја (второ читање);

4.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување (второ читање);

5.  Предлог на закон за прогласување на локалитетот Локви-Големо Коњари за споменик на природата (прво читање);

6.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад (второ читање);

7.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (второ читање);


8.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (второ читање);

9.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (второ читање);

10.  Барање за давање на автентично толкување на член 32 став 1 од Законот за нотаријатот, поднесено од пратеникот Катерина Димеска;

11.  Утврдување на пречистен текст на Законот за воздухопловство.

 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1.  Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР по пресметките сврзани со стоковната размена  меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ;

2.  Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка;

3.  Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешка Република за соработка во борба против криминалот;

4.  Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 (прво читање);

5.  Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина (прво читање);

6.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина (прво читање);


7.  Предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (прво читање);

8.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање);

9.  Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2010);

10.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (прво читање);


11.  Предлог на закон за квалитет на земјоделски производи (прво читање).

Click