Четврток, 4 ноември 2010 година, 11,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за гранична контрола (прво читање);
2. Предлог-закон за признавање на професионалните квалификации (прво читање);
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето (прво читање);
4. Предлог-закон за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк (прво читање);
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (прво читање);
6. Предлог-закон за основање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“-Скопје (прво читање);
7. Предлог-закон за изменување на Законот за средното образование (прво читање);
8. Среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2011-2015 година.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка;
2. Предлог-закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка;
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка;
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за странците (прво читање);
5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за меѓународното приватно право (второ читање);
6. Предлог на закон за безбедност на храна (второ читање);
7. Предлог на закон за енергетика (второ читање);
8. Предлог-закон за изменување на Законот за основното образование (прво читање);
9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање);
10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (прво читање);
11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија (второ читање);
12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони (второ читање);
13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги (второ читање);
14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството (второ читање);
15. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прогласувањето на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење (прво читање);
16. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање);
17. Барање за давање на автентично толкување на член 13 став 2 во врска со член 17 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, поднесено од Народниот правобранител Иџет Мемети.