Неформални групи

Вторник, 6 април 2010 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на ден 31 март 2010 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (прво читање).

Во однос на Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата, претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, до Комисијата не се поднесени амандмани по законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање), на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.



 
Click