Неформални групи



Четврток, 15 април 2010 година

Триесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 33.седница, одржана на 31 март 2010 година и првото продолжение на 33-та седница одржано на 14 март 2010 година, како матично работно тело ја разгледа Информацијата за субвенционирање и развојот на пчеларството во Република Македонија.

На седницата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Тој ја образложи Информацијата за субвенционирање и развојот на пчеларството во Република Македонија, во која посебно истакна дека во 2008 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изготвило програма за развој на оваа гранка од сточарството на која што им се дава посебен статус и значење во неговиот развој.

Заменик-министерот исто така укажа дека Министерството подготвува и во владина процедура е нов закон за кој пратениците треба да дадат нивна поддршка, презентирајќи ги сугестиите и мислењата за истиот.  

Господин Ивановски посебно ги нагласи напорите за субвенционирање на примарното и органското пчеларско производство, за кое во 2009 година се издвоени 93 милиони денари, со цел да се продолжи со трендот на зголемување на пчелните семејства, а особено органското производство на пчелни семејства.

По завршување на расправата по Информацијата, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ја разгледа Информацијата за субвенционирање и развојот напчеларството во Република Македонија и оцени дека истата треба да се достави до Собранието на Република Македонија, за запознавање на пратениците заедно со предлог-заклучоците од Здружението на пчеларските производители, да се достават до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за нивно разгледување и усвојување.

 

Click