Неформални групи



Четврток, 15 април 2010 година, Комисија за транспорт, врски и екологија

Надзорна расправа на тема: Депонии и собирање на отпад, преглед на надлежностите на Владата на Република Македонија и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија „Русино“

Комисијата за транспорт, врски и екологија заедно со Националниот демократски институт (НДИ) денеска за прв пат организираше надзорна расправа на тема: Депонии и собирање на отпад, преглед на надлежностите на Владата на Република Македонија и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија „Русино“.

На надзорната расправа, покрај претседателот г. Тито Петковски, присуствуваа и членовите на Комисијата:  г. Илија Китановски,  г. Јован Лазарев, г-ѓа Катерина Димеска, г. Томе Даневски, г. Тахир Хани, г. Томе Чинговски, г. Борис Стојменов, г-ѓа Косана Николиќ-Мазнева, министерот за заштита на животната средина и просторно планирање г. Неџати Јакупи, како и преставници на НДИ, општините и невладиниот сектор.    

Целта на оваа надзорна расправа е надзор на имплементацијата на проблемот со депонијата и собирањето на отпад во полошкиот регион (Северозападна Македонија), посебно во оштините Тетово и Гостивар.

Кој е надлежен за настанатиот проблем и дали се соодветно санирани проблемите, што ги попречува иницијативите на Министерството за да го реши проблемот со собирање на отпад и регулирање на депонијата „Русино“ и дали се отстранети нелегалните депонии, која е стратегијата за нивно отстранување и превенција на понатамошно ширење на нелегалните депонии, беа неколкуте прашања на кои присутните дебатираа.

Оваа надзорна расправа е од особено значење, како од аспект на резултатите од имплементацијата на законите од таа област што се од поширока важност за граѓаните на Република Македонија, така и од аспект на отпочнување на практичната примена на одредбите на Законот за Собрание на Република Македонија во делот на надзорната димензија на законодавната власт во нашата држава.

Присутните ја поздравија организацијата на ова надзорна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија со надеж дека во иднина ќе стане пракса.

Click