Неформални групи

Четврток, 15 април 2010 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Разгледан Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 34. Седница, одржана на 14 април 2010 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (второ читање).

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Абдилгафар Синани и г. Игор Бојаџиевски.

Во дискусијата по Предлогот на закон учествуваа пратениците: г. Јован Гинев, г. Живко Пејковски, г. Цветан Трипуновски, г. Панче Дамески, г. Томе Чинговски, г. Никола Ќуркчиев и г. Васко Шутаров.


Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија поднесени се вкупно 25 амандмани по Предлог-законот, од кои усвоени беа 16, одбиен 1 и повлечени 8 амандмани.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура (II читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click