Неформални групи

Петок, 28 мај 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија со делегација на Одборот за односи со Србите надвор од Србија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија денеска имаше средба со делегација на Одборот за односи со Србите надвор од Србија.

На средбата, со која претседаваше г. Крсто Мукоски, присуствуваа членовите на пратеничката група г. Абедин Зумбери, г. Иван Стоиљковиќ, г. Амди Бајрам, г. Томе Чинговски и г. Сафет Незири, а од парламентот на Република Србија беа присутни г. Милорад Буха, шеф на делегацијата, членовите г. Синиша Стаменковиќ и г. Горан Стефановиќ и амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. Томислав Ѓурин.

Членовите на делегацијата на Одборот за односи со Србите надвор од Србија се интересираа за животот и застапеноста во институциите на српското национално малцинство во Република Македонија, при што беа информирани дека припадниците на српското малцинство во Република Македонија и индивидуално и како признат и активен правно-политички субјект непречено ги уживаат сите права според билатералната спогодба и највисоките меѓународни стандарди.

На средбата беа отворени повеќе теми за кои двете страни се согласија да продолжат и на возвратната средба, сè со цел да се зајакне меѓусебната соработка. 

Click