70 седница на Комисијата за финансирање и буџет 23.7.10...



Петок, 23 јули 2010 година

Седумдесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 22 јули 2010 година ја одржа својата Седумдесетта седница

Прочитај повеќе

Женева 1, 21.7.2010...



Среда, 21 јули 2010 година, Женева

Македонија покажува дека технологијата може многу да помогне во зголемување на транспарентноста, отвореноста и отчетноста

„Ние сме сериозно посветени да продолжиме со понатамошно унапредување на демократијата во сите делови на светот. Ние мора да ја зголемиме јавната доверба кон парламентите и да ја потврдиме најчесто цитираната фраза дека ‘нема демократија без силен парламент’“

Прочитај повеќе

Трето продолжение на 11 седница на Комисијата за култура 21...



Среда, 21 јули 2010 година

Трето продолжение на Единаесеттата седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура, денеска, на третото продолжение на Единаесеттата седница од Надзорната расправа на тема: „Имплементација на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности“, согласно со членот 23 став 2 од Законот за Собранието на Република Македонија, а врз основа на надзорната расправа едногласно го усвои следниов Заклучок

Прочитај повеќе

Женева, 19.7.2010...

Понеделник, 19 јули 2010 година

Учество на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули на Третата светска конференција на спикери на парламентите

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули учествува на Третата светска конференција на спикери на парламентите која во организација на Интерпарламентарната унија се одржува во Женева од 19 до 21 јули 2010 година.

„Парламентите во светот на криза: обезбедување на глобална демократска одговорност за заедничко добро на сите“  е централна тема на конференцијата.

Повеќе од 150 претседатели на парламенти ќе учествуваат на оваа Трета светска конференција на спикери на парламенти, која се одржува секои пет години. Како највисоки законодавни претставници, тие во рамките на тродневната расправа ќе се обидат да дадат колективни одговори за повеќето предизвици со кои се соочува светот. Конференцијата ќе се одржи во ООН во Женева, а на отворањето ќе зборува генералниот секретар на ООН, г. Бан Ки Мун.

Се очекува конференцијата да заврши со усвојување на декларација. 
Прочитај повеќе

54 седница на Комисијата за европски прашања 16.07.10...



Петок, 16 јули 2010 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата Педесет и четврта седница. На седницата беше разгледана Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2010, за периодот 1.4.2010 - 30.6.2010, изготвена од страна на  Секретаријатот за европски прашања, како и Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја - прво читање, чиј предлагач е Министерството за правда.

Во врска со првата точка на дневниот ред, свое обраќање имаше вицепремиерот задолжен за европски прашања,  г. Васко Наумовски, кој меѓу другото истакна дека динамиката на усогласување на македонското законодавство со европското бележи континуитет и дека во изминатиот период е постигнат голем напредок во однос на сите поглавја на Националната програма за усогласување на правото на Европската унија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов, го поздрави навременото доставување на Информацијата од страна на Секретаријатот за европски прашања и истакна дека истата е доказ за транспарентното и одговорно работење на Владата на Република Македонија.

Ставот на најголемата опозициона партија, го изнесе пратеникот г. Игор Ивановски, кој истакна дека има забавување на реформскиот процес и дека евроинтегративниот процес на Република Македонија не оди во добра насока.

Во врска со втората точка, заменик-министерот за правда, г. Ибрахим Ибрахими, ја образложи потребата за донесување на Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со претседателот на Латвија...



Среда, 14 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Латвија, г. Валдис Затлерс

Претседателот Вељаноски посебно ја нагласи активноста на Собранието на Република Македонија во поглед на хармонизација на законодавството со ЕУ, го истакна значењето на парламентарната и регионална соработка и го искажа своето очекување дека Република Македонија за краток период ќе стане членка на НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ и во таа насока го поздрави фактот што Република Латвија се залага билатералните спорови, како што е нашиот спор со Република Грција, да не биде директен услов за напредување во евроинтегративните процеси

Прочитај повеќе

81 седница на Законодавно-правната комисија 14.07.10...



Среда, 14 јули 2010

Осумдесет и прва седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Осумдесет и првата седница, одржана на 13 јули 2010 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Благородна Дулиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во расправата по Предлог-законот, учествуваше повереникот на Владата на Република Македонија, г. Борче Смилевски, раководител на Сектор во Министерството за финансии, кој ги образложи причините за донесување на овој закон.

Комисијата Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

69 седница на Комисијата за финансирање и буџет 13.7.10...

Вторник, 13 јули 2010 година

Шеесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, денеска, на својата Шеесет и деветта седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност (по скратена постапка).

Воведно образложение по предложениот закон даде повереникот на Владата, г. Борче Смилевски. Тој истакна дека со измените се предлага продолжување на примената на повластена даночна стапка од 5% за прометот и увозот на земјоделска механизација до пристапување на Република Македонија во членство на Европската унија. 

Ваквата мерка е во функција на поттикнување на развојот на земјоделството, со цел да се стимулира набавката на земјоделска механизација која ќе придонесе за поголема продуктивност во земјоделието. Ова особено е значајно за индивидуалните земјоделски производители кои не се регистрирани субјекти за целите на данокот на додадена вредност и кои немаат право на одбивка на претходно платен ДДВ. 

Од наведените причини, а заради континуитет на примената на повластената даночна стапка од 5% за прометот и увозот на земјоделска механизација, се предлага овој закон да се применува од 1 јули 2010 година.  

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност.
Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со претседателот на Хрватска...



Понеделник, 12 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Македонија. На средбата, претседателот Вељаноски го нагласи значењето на овој континуитет на средби на највисоко ниво меѓу двете страни како поттик и наша заедничка определба да ги зацврстуваме нашите билатерални пријателски односи и во иднина

Прочитај повеќе

Средба на г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејанов...



Петок, 9 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски беше домаќин на својата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

Прочитај повеќе
1...161718...36                                     
Click