14 седница на Националниот совет за евроинтеграции 26.04.10...

Четиринаесетта седница на Националниот совет за евроинтеграции

Прочитај повеќе

Средба г-ѓа Светлана Јакимовска со Урлике Марија Кноц, 3.2....



Среда, 3 февруари 2010 година

Средба на потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Урлике Марија Кноц

Емил Амедов, Хамди Шахини и Далибор Трендафиловски, учесници во ИПС 2010 истакнаа дека за нив има големо значење посетата на Собранието на Република Македонија и запознавањето со работата на пратениците и на работните тела на собранието

Прочитај повеќе

88 седница на Комисијата за финансирање и буџет 27.12.10...



Понеделник, 27 декември 2010 година

Осумдесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 23 декември 2010 година ја одржа својата Осумдесет и осма седница, на која како матично работно тело разгледа четири Предлог-закони, за кои воведно образложение даде заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи

Прочитај повеќе

Обраќање на Вељаноски по повод одбележувањето на илјада и с...



Четврток, 23 декември 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод одбележувањето на илјада и сто години од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот

Денешната свечена седница на Собранието на Република Македонија на своевиден начин го заокружува одбележувањето на илјада и сто години од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот, кој заедно со Свети Климент Охридски се најблиските ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј. Одбележување кое беше проследено со најразлични научни собири и културни манифестации во кои провејуваа, пред сè, животот и делата на Свети Наум Чудотворецот. Во сите овие манифестации, покрај Македонската православна црква - Охридска архиепископија, потоа Македонската академија на науките и Уметностите, активно беше вклучена и државата, односно најразлични државни институции.

Прочитај повеќе

Вељаноски на средба со г. Шимон Перез...



Четврток, 23 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ИЗРАЕЛ, Г. ШИМОН ПЕРЕЗ

Претседателот Вељаноски уште еднаш изрази задоволство од топлиот и срдечен прием, потенцирајќи дека Државата Израел во Република Македонија има искрен пријател кој води сметка за нејзините витални интереси. Република Македонија како членка на НАТО и Европската унија ќе биде поддржувач на Државата Израел. Искажувајќи задоволство од високото ниво на остварени посети оваа година, претседателот нагласи дека тоа е показател за интензивниот развој на односите меѓу двете земји.

Прочитај повеќе

Обраќање на потпретседателот, 23.12.2010...



Четврток, 23 декември 2010 година

Обраќање на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, по повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Охридскиот чудотворец Свети Наум Охридски

Свети Наум и неговото дело заедно со делото на Свети Климент Охридски, во суштина претставуваат континуитет на делото на нивните учители Светите браќа Кирил и Методиј, кои на јужнословенските народи им ја донесоа писменоста на мајчин јазик, со што и божјата беседа стана многу поразбирлива и поприфатлива

Прочитај повеќе

49 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Четврток, 23 декември 2010 година

Четириесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија на вчерашната 49. седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата

Прочитај повеќе

Прво продолжение на 55 седница на Комисијата за економски п...



Четврток, 23 декември 2010 година

Прво продолжение на Педесет и петтата седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија вчера го одржа првото продолжение од својата Педесет и петта седница, на кое како матично работно тело разгледа шест Предлог-закони.

Прочитај повеќе

Вељаноски средба со Р.Ривлин...



Среда, 22 декември 2010 година, Ерусалим

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ СРЕДБА СО СВОЈОТ КОЛЕГА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИЗРАЕЛСКИОТ КНЕСЕТ, Г. РЕУВЕН РИВЛИН

 „Пријателските односи меѓу Македонија и Израел се потврдија со топлиот и срдечен прием кој беше организиран на највисоко ниво. На тој начин дадовме порака дека односите меѓу двете земји се на такво ниво на кое би позавиделе други држави“ изјави претсетаделот Вељаноски.

Прочитај повеќе
123...36                                     
Click