Стартуваше Македонското претседателство 2010...



Вторник, 11 мај 2010 година

Стартуваше Македонското претседателство 2010

Под логото „Македонско претседателство 2010“, на 120. Министерска сесија во Стразбур, Република Македонија денеска официјално го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Откако министерот за надворешни работи на Швајцарија, г-ѓа Мишелин Калми-Реј, поднесе извештај за она што го сработила нејзината држава во текот на претседавањето во последните шест месеци, шефот на македонската дипломатија, г. Антонио Милошоски, го презеде претседателството и ги претстави приоритетите на програмата на Република Македонија.

„Ова е историски ден за нашата држава. Република Македонија пред 15 години стана членка на Советот на Европа, а денеска ја има можноста да претседава. Тоа е голема чест, но и обврска. Задоволни сме од начинот на кој беше сослушана и поддржана нашата презентација, посебно во делот на приоритетите на нашето претседателство“, изјави г. Милошоски.

Македонското претседателство, меѓу другото, акцент ќе стави на: заштитата на човековите права, меѓукултурниот дијалог и вклучување на младите во општествениот живот.

За време на претседавањето, Република Македонија ќе организира повеќе настани, а првиот од нив е состанокот на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа на 20 и 21 мај во Скопје.

Советот на Европа од македонското претседателство очекува да биде активно, ефикасно и да биде составен дел од приоритетите на Европскиот совет.

Ротационото претседателство нашата држава го презеде од Швајцарија, а во ноември ќе ѝ го предаде на Турција.

Освен преземањето на претседателството од страна на нашата држава, на седницата беа разгледани и следните точки: проследување на конференцијата на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права, мерките преземени од страна на Советот на Европа по конфликтот во Грузија, односите меѓу Советот на Европа и Европската унија и процесот на реформите на Советот на Европа и неговата стратешката улога и одговорност во однос на Босна и Херцеговина.

Прочитај повеќе

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот...



Понеделник, 10 мај 2010 година

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Утре, на 11 мај, Република Македонија ќе го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа за следните шест месеци. Ова ќе се случи во Стразбур на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европскиот совет

Прочитај повеќе

Јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата де...



Петок, 7 мај 2010 година

Јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија"

Собранието на Република Македонија во рамките на традиционалната манифестација „Отворен парламент“ во соработка со Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ), денеска организираа меѓународна научна и јавна трибина на тема: „Европа - 60 години по Шумановата декларација: патот на Македонија кон Европска унија" по повод 9 мај - Денот на Европа

Прочитај повеќе

Трибина, 7.5.2010...



Петок, 7 мај 2010 година

Собранието на Република Македонија една од најотворените и најтранспарентни државни институции

Во рамките на Отворен парламент, кој оваа година се одржува во соработка со НДИ, со Граѓанската асоцијација МОСТ и со Институтот за парламентарна демократија (ИПД) се одржа трибина на тема: „Кон отворен и транспарентен дијалог помеѓу Собрание на Република Македонија и граѓанскиот сектор“ на која присуствуваа пратеници и повеќе претставници од невладиниот сектор

Прочитај повеќе

„Македонско претседателство 2010“ 6.5.10...

Четврток, 6 мај 2010 година

„Македонско претседателство 2010“ - официјално лого за претседавање со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Стилизирано македонско знаме со логото на Советот на Европа, проследено со текстот на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“, придружено од десната страна со официјалното лого на Комитетот на министри на Советот на Европа, е официјалното лого под кое Република Македонија ќе претседава со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Логото беше официјално промовирано вчера на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој заседаваше на амбасадорско ниво во Стразбур, во пресрет на 120. министерска сесија, која ќе се одржи на 11 мај 2010 година.

Документот дополнително носи и соодветна ознака својствена на сите службени документи на Комитетот на министрите - ЦМ/Инф (2010) 19.

Во согласност со востановенатa практика во меѓународните организации од членството на Република Македонија во ООН до денес, документот ќе биде дистрибуиран до останатите 46 земји-членки, со покривна страница на која се наоѓа референцата која се користи за привремено ословување на државата, во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993, без никакви промени во содржината на документот, кој го содржи официјалното лого и именувањето на оваа функција во Советот на Европа како „Македонско претседателство 2010“.

Приоритетите на македонското претседавање со Комитетот на министрите официјално ќе бидат претставени од страна на министерот за надворешни работи, г. Антонио Милошоски, на министерската сесија.
Прочитај повеќе

ПСРМ Вељаноски го прими г. Авигдор Либерман...



Вторник, 4 мај 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски го прими вицепремиерот и министер за надворешни работи на Израел, г. Авигдор Либерман

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, правејќи историски пресек на односите меѓу двата народи кои започнуваат уште во 15 век, кога на овие простори се доселуваат Сефрадиските Евреи, истакна дека низ векови е создадена вистинска симбиоза на заеднички живот, која за жал беше насилно прекината во 1943 година, кога над 7200 македонски Евреи беа депортирани во Треблинка, каде што беа брутално ликвидирани.

Прочитај повеќе

46 седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу ...



Вторник, 4 мај 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и шестата седница, одржана на 3 мај 2010 година, како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони

Прочитај повеќе

61 седница на Комисијата за финансирање и буџет 3.5.10...



Понеделник, 3 мај 2010 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 3 мај 2010 година ја одржа Шеесет и првата седница, на која како матично работно тело ги разгледа следните Предлог-закони:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва (второ читање);
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови (второ читање);
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за меница (второ читање);
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за   банките (второ читање);
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  вршење на услуги брз трансфер на пари (второ читање);
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за  супервизија на осигурување (второ читање).

Со оглед на тоа што по овие Предлог-закони не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа и да ги донесе предложените закони.

Прочитај повеќе

ПСРМ на Шангај Експо 2010...



Сабота, 1 мај 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска на светската изложба Шангај Експо 2010 свечено го отвори македонскиот павилјон

Вчеравечер претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, беше гостин на свечената вечера, што по повод отворањето на Експо 2010, ја приреди претседателот на НР Кина, г. Ху Џинтао, а на која присуствуваа педесетина шефови на држави, претседатели на парламенти и влади. Високите гости заедно ја проследија и спектакуларната програма, по што светската изложба Експо 2010 беше официјално отворена

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на Шангај Ескпо 2010...



Сабота, 1 мај 2010 година

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Вељаноски, учествуваше на отворањето на светската изложба Шангај Ескпо 2010

По тој повод, претседателот на македонското собрание, г. Вељаноски, имаше средба со претседателот на НР Кина, г. Ху Џин Тао, кој во чест на високите гости приреди свечена вечера. Притоа, претседателот Вељаноски се заблагодари за топлиот прием и ја искажа својата увереност дека организацијата на Експо 2010 ќе ја следи успешноста на олимписките игри во Пекинг, а НР Кина уште еднаш ќе биде домаќин на еден значаен глобален настан кој ќе ја одбележи оваа година

Прочитај повеќе
1...242526...36                                     
Click