Средба Вељаноски со претставници на Национален совет на инв...



Четврток, 2 декември 2010 година

Средба на претседателот г. Трајко Вељаноски со претставници на Национален совет на инвалидски организации на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија изрази задоволство што и годинава има можност да се сретне со претставниците на Националниот совет и воедно упати честитка за утрешниот Меѓународен ден на лица со инвалидност. Воедно, Вељаноски ја потврди поддршката на сите пратеници во Собранието на Република Македонија, без оглед на нивна политичка, национална или верска припадност, во донесувањето на што покорисни и поквалитетни законски решенија кои ги засекаат лицата со инвалидност. Изрази подготвеност лично да се заложи во насока на што поскоро ратификување на Конвенцијата на ОН, како и во надминување на дел од проблемите со кои се соочуваат овие организации и за соодветно имплементирање на дел од нивните предлози. 

Прочитај повеќе

МПК РМ-ЕУ Брисел, 30.11.2010...



Вторник, 30 ноември 2010 година, Брисел

Усвоени препораки на осмиот соСтанок на Мешовитиот парламентарен комитет - РМ и ЕУ

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија го поздравија континуираниот напредок во реформите на Собранието, полицијата, судството, јавната администрација и заштитата на малцинствата. Беше поздравена антикорупциската политика согласно препораките на ГРЕКО.

Прочитај повеќе

85 седница на Комисијата за финансирање и буџет 30.11.10...



Вторник, 30 ноември 2010 година

Осумдесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и петта седница, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за денационализација (прво читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (во прво читање)

Прочитај повеќе

На Парламентарното собрание на ЦЕИ, 29.11.2010...



Понеделник, 29 ноември 2010 година, Будва

Македонија е дел од регионалните проекти и иницијативи

Пратениците Феми Јонузи и Јован Лазарев, членови на  Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на ЦЕИ,  учествуваа во работата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, што се одржа на 26 и 27 ноември 2010 година во Будва, Црна Гора.

Прочитај повеќе

82 седница на Комисијата за финансирање и буџет 29.11.10...



Понеделник, 29 ноември 2010 година

Осумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и втората седница одржана на 27 ноември 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2011 година (по скратена постапка)

Прочитај повеќе

53 седница на Комисијата за економски прашања 27.11.10...



Сабота, 27 ноември 2010 година

Педесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и трета седница, го разгледа Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година

Прочитај повеќе

Средба на г. Рафис Аљити со поранешниот премиер на Албанија...



Петок, 26 ноември 2010 година

Средба на г. Рафис Аљити со поранешниот премиер на Албанија, г. Ули Буфи

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, оствари средба со г. Ули Буфи, поранешен претседател на Владата на Република Албанија, на која го запозна со составот, работата и активностите на македонското собрание

Прочитај повеќе

47 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Четврток, 25 ноември 2010 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 47. седница, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година

Прочитај повеќе

Учество на жените е важно за севкупното општество 18.11.201...



Четврток, 18 ноември 2010 година, Клуб на пратенички

Учеството на жените е важно за севкупното општество

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Симоне Филипини, како и со генералниот директор и со управниот директор на холандската организација Women Inc, г-ѓа Џанет Ваесен и г-ѓа Алет Кларенбеик

Прочитај повеќе

Презентирани резултатите од анкетата за работата на Собрани...



Четврток, 18 ноември 2010 година

Презентирани резултатите од анкетата за работата на Собранието

Во Собранието на Република Македонија беше извршена презентација на резултатите од направената анкета за неговата работа, во рамките на проектот со Вестминстер фондацијата за демократија за зајакнување на капацитетите на Собранието, спроведена од страна на Институтот за демократија „Societas Civilis“, со цел да се измерат перцепциите на граѓаните за работата на македонскиот законодавен дом

Прочитај повеќе
1...456...36                                     
Click