Собраниско раководство



Понеделник, 8 ноември 2010 година, Торонто

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ И СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО КАНАДА

Спорот за името со Грција, олеснување на постапката за добивање на македонско државјанство заради можноста за остварување на избирачко право на наредните избори во 2012 година, состојбата во економијата и можноста за евентуални канадски инвестиции во Република Македонија, зачувување и негување на македонскиот јазик, култура и традиција се дел од  прашањата за кои македонските иселеници во Торонто се интерсираа на средбите со претседателот Вељаноски и пратениците од собраниската делегација.

Делегацијата ги посети црковните општини во црквите Св. Климент Охридски во Торонто, Св. Димитриј Солунски во Маркам, како и Св. Недела и Св. Илија во Мисисага. Претседателот Вељаноски со задоволство им ги пренесе убавите зборови кои за лојалната македонска заедница во Канада ги искажаа сите негови соговорници во изминатите неколку дена.

Click