ЕУ вести



Четврток, 21 јануари 2010 година

ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост


На официјална церемонија во Мадрид, денеска Европската комисија и шпанското претседателство со Европската унија, ќе ја прогласат 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, под мотото „Да ја спречиме сиромаштијата сега!“.

„Борбата против сиромаштијата и социјалната нееднаквост е составен дел од процесот на надминување на кризата. Економски најзагрозените слоеви од населението најчесто се и најпогодени од рецесијата. Поради тоа, Европската 2010 година треба да послужи како катализатор за подигнување на свеста и изградба на едно поинтегрирано општество, што е дел од предлог-стратегијата на ЕУ за 2020 година“, изјави претседателот на Европската комисија,  г.  Жозе Мануел Баросо.

Статистиката вели дека околу 80 милиони Европејци или 17% од населението на Европската унија живее во сиромаштија.

Кампањите за подигнување на свеста на европско и национални ниво, како и стотици национални проекти ќе бидат финансирани од буџет во вредност од 17 милион евра.

Click