ЕУ вести



Среда, 10 февруари 2010 година

Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија

Членовите на Европскиот парламент со мнозинство го усвоија Извештајот за Република Македонија, поднесен од словенечкиот пратеник г. Зоран Талер, известувач за нашата земја. За резолуцијата гласаа 548 европратеници, 45 беа против, а 35 останаа воздржани.

Европратениците, генерално, го поздравија напредокот кој го оствари Република Македонија на патот кон членство во Европската унија и изразија надеж дека земјата наскоро ќе добие датум за почеток на преговори.

Со резолуцијата се повикува Советот на ЕУ, на самитот предвиден за март, да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на преговори со Република Македонија без понатамошно одолговлекување, а преговорите да започнат што поскоро.

На Република Македонија ѝ се порачува да продолжи со реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата и одржување на меѓуетничките односи со целосно спроведување на Охридскиот договор. Исто така од македонските власти се бара во законската регулатива за борба против дискриминацијата, да се признае како дискриминација и сексуалната определност.

Новиот еврокомесар за проширување, г. Штефан Филе, изјави дека земјата заслужува добивање препорака за почеток на преговори и дека треба да ја искористи сегашната прилика за решавање на спорот со Грција.

Click