ЕУ вести



Петок, 3 декември 2010 година

Меѓународен ден на лицата со инвалидитет

Трети декември е ден на кој се одбележува Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет. Еден од секои десет Европејци има тежок или помалку сериозен инвалидитет и токму затоа потребно е општеството како целина да се прилагоди кон нивните потреби, а не обратно.

Иако, политиките за лицата со инвалидитет често се финансиски или материјално ограничени, акцентот треба да биде ставен на нивна потполна интеграција во општеството. 

Во април 2006 година, Советот на Европа го усвои Акциониот план 2006-2015 за лицата со инвалидитет, којшто содржи 15 насоки за делување, вклучувајќи го учеството во политичкиот, јавниот и културниот живот, образованието, информациите и комуникацијата, вработувањето, достапноста на архитектурната средина и транспортот.

Годишното почитување на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп има за цел да промовира разбирање на полето на хендикеп и да се мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со хендикеп, како и поголема свест за интеграција на лицата со попреченост во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Click