ЕУ вести

Четврток, 4 февруари 2010 година

европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија кон ЕУ

В среда, на 10 февруари, европратениците ќе расправаат за стремежите на Македонија, Хрватска и Турција кон Европската унија. Прашањата на кои Република Македонија треба да обрне внимание се: реформите во јавната администрација и судството, борбата против корупцијата и подобрување на правата на жените и меѓуетничките односи, како и „засилени напори во изнаоѓањето на заеднички прифатливо решение во спорот со името“ со Грција.

За потсетување дека Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ги усвои трите Резолуции за напредокот на овие три земји во 2009 година. Резолуцијата за Македонија беше усвоена со 56 гласа „за“, 5 „против“ и 5 „воздржани, за Хрватска со 54 „за“, 0 „против“ и 8 „воздржани“, а за Турција со 60 „за“, 0 „против“ и 11 „воздржани“.

Комисијата утврди дека преговорите со Република Македонија може да започнат „во блиска иднина“.
Click