ЕУ вести

Четврток, 11 февруари 2010 година, Брисел

Неформален самит на земјите-членки на Европската унија

Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се состанат на неформален самит во Брисел, под раководство на новиот претседател на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј.

На оваа прва средба на лидерите, главна тема ќе биде економската политика на Унијата, односно осмислување на економската стратегија на ЕУ за наредните десет години, што се очекува да биде усвоена на самитот во јуни.

Воедно, ќе се разговара и за резултатите од меѓународната конференција за климатските промени одржана во декември во Копенхаген, за најновите меѓународни настани и помошта за настраданите во Хаити.

Претседателот на Советот на ЕУ, г. Херман ван Ромпуј, изјави дека овој состанок го смета за почеток на процесот на поблиско и континуирано заедничко работење на шефовите на држави и влади за сите поважни прашања со кои се соочува Унијата и изрази надеж дека Европскиот совет и понатаму редовно ќе ги разгледува овие теми со цел да обезбеди јасно раководење за решавање на проблемите.
Click