ЕУ вести



Четврток, 25 февруари 2010 година, Европска комисија

Препорака за старт на преговори за членство на Исланд во ЕУ

Европската комисија препорача започнување на преговорите за зачленување на Исланд во Европската унија, откако констатира дека оваа земја ги исполнува речиси сите услови за да биде дел од европското семејство. Официјален Рејкјавик се надева на членство во Унијата во 2012 година.

Комисијата позитивно ја оцени оваа островска држава во однос на демократијата и почитувањето на човекови права, а ѝ препорача да вложи сериозни напори во областите како риболов, земјоделство, рурален развој и слободно движење на капитал и финансиски услови.

Препораката на Еврокомисија треба да биде одобрена од сите 27 земји-членки на Унијата, за да може земјата-кандидат да ги започне преговорите за членство.

Click