ЕУ вести



Четврток, 16 декември 2010 година

Заложби за финансиска стабилност на еврозоната

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, денеска и утре ќе одржат Самит во Брисел, на кој ќе расправаат за плановите за создавање на постојан механизам за зачувување на финансиската стабилност на еврозоната.

Ваквиот потег на европските лидери следи по неодамнешната глобална криза, од која сè уште се чувствуваат последици во многу земји на Стариот континент.

Целта на новиот механизам ќе биде при евентуална нова економска криза, ЕУ да им помогне на загрозените земји полесно да ја надминат истата.

„Потсетувам на нашата одлучност да сториме сè што е неопходно за да ја обезбедиме финансиска стабилност на еврозоната. Уверен сум дека еврозоната ќе излезе од кризата посилна“, изјави претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпој, во пресрет на Самитот.

На дводневната средба на врвот се очекува да се направи чекор напред за да се обезбеди посакуваната стабилност, иако сè уште не се знае како би изгледал тој механизам, со оглед на различните мислења и предлози кои доаѓаат од земјите-членки на ЕУ, партиите и институциите.

 

Click